Венгер: Предност во борбата за титула со победа над Јунајтед

arsene-wenger-arsenal-press-conference_3348935

Топчиите се три поени позади Манчестер Јунајтед и пет позади лидерите на табелата, а во Лигата на шампионите веќе имаат два порази. Но Венгер не се откажува ни од Европа, а верува дека со победа во дуелот против Јунајтед ќе остварат предност во борбата за титула:

“Сè уште сме во Лигата на шампините. Сите не отпишуваат, но не сме испаднати. Имаме голем натпревар против Јунајтед и нашата предност е домашниот терен. Ова можеби е првиот натпревар каде што се среќаваат екипи кои се борат за врвот на табелата. Без добра форма на домашен терен не се освојува титула.

Петр Чех најверојатно ќе се врати на голот на Арсенал, а Венгер повторно му даде поддршка на Оспина во пресрет на острите критики кои следеа по автоголот во дуелот со Олимпијакос.

“Да ‘убиеш’ играч како Оспина, кој беше изгласан за најдобар голман на Копа Америка, кој е на листата за избор на најдобар играч на годината од ФИФА, кој беше убедливо најдобар голман во Премиер лигата за вториот дел од минатата сезона – тоа е само сензационализам, тоа не е фудбалска анализа.”

Арсен има договор до 2017 година и смета дека сè уште му е рано за пензионирање.

“Сè уште не сум одлучил кога ќе се пензионирам. Мислам дека тоа ќе биде повеќе импулсивно донесена одлука отколку нешто претходно планирано.

Секогаш се плашам на таа помисла – Сум го слушнал тоа многу пати претходно од други менаџери, ‘следната година ќе се пензионирам’, а потоа повторно продолжуваат или одат на друго место. Мислам дека едно е сигурно, кога ќе речам дека ќе се пензионирам, навистина ќе се пензионирам.”

Нема коментари

Остави мислење