Венгер и Озил за натпреварот со Манчестер Јунајтед

Screenshot_1

 

Арсен Венгер вели дека последнава пресметка со Манчестер Јунајтед е дури и поголема од вообичаено бидејќи двете страни се наоѓаат многу блиску на табелата.

‘Црвените ѓаволи’ на Луис ван Гал моментално се наоѓаат на врвот на Премиер лигата, само три поени пред ‘Топчиите’, a Венгер, кој во овој дерби натпревар учествувал 54 пати за овие 19 години, вели дека е сигурен во обезбедувањето на позитивен резултат.

“Се работи за посебен натпревар бидејќи Манчестер Јунајтед секогаш се борат за врвот. Има дури и поголемо значење сега затоа што разликата помеѓу тимовите е три поени, а ние играме дома во овој натпревар.

Ние само што остваривме голема победа во Лестер и сакаме да продолжи нашата серија. Ние сме единствениот тим кој го победил Лестер, па не гледам зошто не би верувале дека можеме да го победиме Манчестер Јунајтед.

Во моментов премногу тешко е да се каже дека еден тим доминира во шампионатот. Толку е тесно што еден поен повеќе после седум натпревари не значи дека одеднаш ќе се направи голема разлика во лигата.

Тоа се решава во моментов и е премногу важен период во Премиер лигата, но не може да се дојде до заклучок дека еден тим се наоѓа над останатите.”

И покрај поразот против Јунајтед на домашен терен во лигата минатата сезона, Топчиите два пати импресионираа на Олд Трафорд обезбедувајќи победа во ФА купот и нерешен резултат во лигата.

Според Месут Озил, овие два натпревари, заедно со победата против Манчестер Сити на гостински терен, помогна Арсенал да си ја зголеми самодовербата против големите англиски противници.

“Очекувањата во пресрет на натпреварот очигледно се многу големи.

Сакаме да се докажеме и да ги освоиме трите поени. Кога ќе се докажеш против големите тимови, твојата самодоверба се зголемува и повеќе веруваш во себе.

Ако го погледнете нашиот тим, минатите недели бевме ослабени поради црвени картони. Но ако го избегнеме сега тоа, мислам дека можеме да изиграме добро против големите тимови. Ќе го покажеме тоа против Манчестер Јунајтед.”

Месут Озил е сигурен дека натпреварот против Манчестер Јунајтед ќе биде интересен исто како и оние кои ги гледал како дете. Плејмејкерот на Арсенал израснал во Германија во период кога Манчестер Јунајтед доминираа во Премиер лигата.

“Секогаш ги гледав овие натпревари. Не ги гледав само натпреварите против Арсенал и Манчестер Јунајтед, туку сите натпревари каде што големите тимови играа меѓу себе, бидејќи секогаш сакав да гледам како големите играчи се обидуваат да се докажат меѓу себе. Така ќе биде и овој натпревар.

Порано уживав гледајќи ги Анри, Беркамп, Љунгберг и Пирес. Мислам дека е многу возбудливо за фановите кога вакви големи тимови играат меѓу себе.”

Нема коментари

Остави мислење