Венгер: Алексис е спремен, Кошчелни повторно на тест

Screenshot_1

Арсен Венгер изјави дека Лоран Кошчелни може да биде вклучен во составот на Арсенал за патувањето во Ватфорд, поминувајќи ја интернационалната пауза во опоравување од повредата на задна ложа која ја доби на натпреварот против Олимпијакос.

Францускиот интернационалец ги помина последните 10 дена во Колни и денес ќе направи уште еден фитнес тест. Микел Артета и Матје Фламини, опоравувајќи се од мускулни проблеми, се блиску до враќање во тимот.

Во изјава за Арсенал.ком, Венгер рече:

“Кошчелни има мала шанса за во сабота. Има конечен тест денес.

Артета и Фламини одржуваат целосен тренинг. Треба да видиме како се чувствуваат и не можам да ги исклучам засега.

Од интернационалците имаме само позитивни вести. Сè уште чекаме да се вратат Кембел, Алексис и Оспина, но сите пратија порака дека се во ред, па останува да видиме колку биле објективни во тоа.”

 

Нема коментари

Остави мислење