Тео Волкот откри дека играчите на Арсенал одржале таен состанок во пресрет на дуелот со Манчестер Јунајтед

Screenshot_1

Арсен Венгер беше доста критикуван во медиумите и помина низ тешка недела после поразот од Олимпијакос, така да според Волкот, оваа победа му е посветена токму него.

“Ова е за нашиот менаџер. Ние, играчите, поразговаравме меѓу себе и сакавме да победиме и за фановите. Ова беше стариот Арсенал, сè функционираше одлично. Со ова праќаме порака дека сѐ уште сме тука, во борбата за титула.

Бевме неверојатни во првото полувреме, толку што никој не би можел да се справи со нас. Ова беше најдобриот фудбал во кој сум бил вклучен. Можеше да се насети уште од самиот старт дека желбата беше присутна. Вака треба да играме секоја недела.”

Венгер исто така беше возбуден и кажа дека ова беше еден од најдобрите и најкомплетните настапи на Волкот на позиција централен напаѓач.

“Покажа дека може да се бори и да ја загради топката исто така. Некои аспекти од неговата игра како централен напаѓач се подобруваат.”

Алексис Санчез беше принуден да излезе поради проблеми во препоните, но сега ќе замине во Јужна Америка за натпреварите на Чиле против Бразил во четврток, а потоа и против Перу наредниот вторник.

“Има мал проблем во препоните, но за жал ќе замине за Чиле. Не можеш да го сопреш. Толку многу сака да игра за својата држава, не би можел да го пропушти тоа. Се надевам дека ќе се врати во добра форма.”

Победата против Манчестер Јунајтед го искачи Арсенал на второто место на табелата, само два поени позади Манчестер Сити.

“Се надевам дека победава ќе ни даде самодоверба за да се бориме докрај”

 

Нема коментари

Остави мислење