Тео и Санти со нов договор

073115-Soccer-Arsenal-Theo-Walcott-Santi-Cazorla-PI-JE.vadapt.620.high.0

По долги преговори и разни шпекулации, конечно е постигнат договор помеѓу напаѓачот и клубот. Двете страни дојдоа до услови прифатливи за сите. Пократ Волкот, својот договор со клубот го продолжи и играчот од средината Санти Казорла.

Волкот, кој моментално е играчот со најдолг стаж во клубот, минатата сезона го одигра својот 300ти натпревар за Арсенал и постигна 76 гола откако дојде во клубот во 2006. Иако го пропушти поголемиот дел од сезоната, тој сепак ја заврши истата со стил. Постигна хет-трик за едно полувреме во последното коло од лигата против ВБА, пред да го отвори резултатот во финалето на ФА Купот против Астон Вила.

gun__1433183271_FACF-match-gal-711-TW

Волкот својот договор, кој истекуваше идното лето, го продолжи за 4 години, а двете страни се согласиле на тоа да тој заработува 140.000 фунти неделно.

За разлика од Тео, нешто поодлучен беше Казорла, кој без многу двоумење и преговарање стави потпис на договорот кој се продолжува на уште 2 години.

По доаѓањето од Малага во 2012 година, Санти одигра 148 натпревари и постигна 27 погодоци, многу од нив беа одлучувачки, меѓу кои беше и оној најбитниот во финалето од ФА Купот против Хул минатата година. Казорла беше играчот со најмногу настапи за Арсенал изминатата сезона 2014/15 со одиграни вкупно 53 натпревари.

article-2632110-1DF232B400000578-753_634x416

За сето ова Арсен Венгер изјави: „Воодушевени сме што ја продолживме соработката со Тео и Санти. Двајцата се играчи со врвен квалитет кои се многу битни и влијателни на целосниот тим. Исто така покрај нивниот огромен учинок на теренот, двајцата имаат големо искуство и се доста популарни надвор од него. Задоволни сме од тоа што и двајцата го продолжија договорот, со тоа му даваат дополнителна стабилност на квалитетот во тимот”

Нема коментари

Остави мислење