Шчесни: Нема милост за Оспина

479120085-474111

Војчех Шчесни вели дека нема да се чувствува лошо доколку Оспина остане на клупа до крајот на својата кариера во Арсенал, нагласувајќи дека новиот голман на Арсенал не е негов пријател.

Тврдејќи дека неговата врска со Оспина е поразлична од онаа која ја имаше со неговиот сонародник Лукаш Фабиански, сепак Полјакот признава дека мора да биде во врвна форма доколку сака да го задржи статусот како број еден голман на Арсенал.

“Се чувствувам сигурен во статусот на број еден голман во клубот, но знам дека не смеам да имам неколку лоши натпревари. Знам дека амбициите на Оспина не се само да седи на клупа и да ракоплеска додека ме гледа како играм. Тој е добро момче. Во спортска смисла, тој е соодветен играч во клуб кој му одговара. Но во еден аспект за мене е полесно, не чувствувам жал за него. Мислам дека не ми е пријател како што ми беше Фабиански. Бев уверен дека Фабиански заслужува да игра, но не на моја штета.”

Минатата сезона Шчесни ја освои Златната ракавица во Премиер лигата, награда која се добива за највеќе натпревари без примен гол. Тој ја започна оваа сезона со два такви натпревари во Лигата на шампионите, но прими гол во сите три првенствени натпревари.

Објаснувајќи го квалитетот на напаѓачите во лигата, тој се шегува дека можеби тешко ќе биде оваа сезона да го повтори таквиот подвиг.

“Кога ќе ги видам напаѓачите во Премиер лигата се чудам кога ќе го имам првиот натпревар без примен гол. По три натпревари тоа не беше можно. Силата на нашите противници е неверојатна, оваа сезона сè може да се случи. Трофејот за достигнувањето е доста тежок, пет или шест килограми. Јас очекував да биде златна ракавица, но тоа повеќе личи на рака која лета низ воздухот да ја спаси топката. Го чувам дома на место каде што може да се гледа, така да кога ќе имам лош ден и кога ќе го погледнам веднаш ми станува подобро.”

Шчесни исто така фрли око и на претстојниот предизвик во Лигата на шампионите, тврдејќи дека групата која е составена од Борусија Дортмунд, Галатасарај и Андерлехт не е најзастрашувачка.

“Не е најлесната група, но не е ни најтешката. Имаме реални шанси да се квалификуваме во наредната фаза, а тоа е најважно. Го имаме Дортмунд веќе трет пат во четири години како да одиме заедно како магнети. Атмосферата на нивниот стадион е една од најдобрите која сум ја осетил. Тие повеќе го немаат Левандовски..и искрено, не ми се допаѓа да играм против него. Тој замина во Баерн Минхен и тие можат само да имаат корист од тоа. Не постои тим на светов кој не би се подобрил со таков играч.”

 

 

Нема коментари

Остави мислење