Саного на позајмица во Кристал Палас

ugl1420120108

Младиот напаѓач на Арсенал, Јаја Саного, остатокот на сезоната ќе го помине на позајмица во Кристал Палас. Французинот имаше неколку добри настапи за Арсенал, каде успеа да покаже дел од својот талент, но потребно му е да добие повеќе време за игра, што во моментов не може да го добие. Неколку клубови покажаа интерес да го доведат Саного во своите редови до крајот на сезоната, меѓу кои и француски Бордо, но Венгер инсистираше дека за него е најдобро да остане во Премиер лигата. Стив Брус отворено зборуваше дека сака да го доведе францускиот напаѓач во Хал Сити, но изборот падна на лондонски Кристал Палас.

Алан Пардју, кој неодамна дојде во клубот, вели: „Подготвени сме да му дадеме шанса. Потребно му е да игра повеќе и мислам дека е подготвен за тоа и тоа го докажа и во Арсенал. Тешко е да се влезе во нивниот стартен состав, а кај нас тоа ќе му биде полесно“.

Во своето прво интервју за Кристал Палас, Саного вели: „Кога Венгер ми кажа за Кристал Палас, јас бев пресреќен бидејќи сакав да играм повеќе. Мислам дека Палас се добар тим, го гледав натпреварот против Тотенхем каде навистина одлично одиграа. Мојата цел е да работам напорно секој ден и се надевам дека ќе играм на секој натпревар. Се надевам дека ќе му помогнам на клубот да има успешна сезона“.

Му посакуваме многу голови!

Нема коментари

Остави мислење