Сам против сите

Arsene_Wenger_2915017b

Испровоциран од последните случувања на теренот, како и надвор од него, повторно се враќам на пишување “анализи” или како и сакате наречете ги. Пред се да се разбереме, не го бранам Венгер и не одам со глава во ѕид, но не го ни кривам целосно за последните резултати на Арсенал.

Се сеќавам на периодот од пред околу 10-тина месеци, кога Арсенал имаше низа од успешни резултати, кога Рамзи беше најдобриот играч во Премиер Лигата, а тоа беше и периодот кога сите коментираа за Венгер како тој бил човек за почит бидејќи не се откажал од Ремзи и тој бил оној што го донел во таа форма, како направил вистински потег со потпишувањето на Озил и со ред други работи. Но, се што е слатко трае кратко, па така се повреди Ремзи, се замори Озил, се повредија уште неколку играчи и се почна да оди во надолна линија. Имавме предност на табелата од 8 бода и одеднаш се најдовме во ситуација повторно да се бориме за 4то место, а секако за тоа беше крив Венгер и следеше периодот на #WengerOut, се до оној момент кога го освои ФА Купот.

Почетокот на оваа сезона е сосема спротивен од ланскиот, каде што сега некој друг ужива во добрата форма, а ние се мачиме да победиме, па така сега нам ни бега лидерот 10 бода. Искуството од изминатите години ми кажува дека не период за тревожење бидејќи ништо не трае вечно (освен класата), па така не ја исклучувам можноста и другиот тим од Лондон да почне да паѓа во формата и да губи поени, а мај е доста далеку од ноември.

А сега она главното, последните 2 натпревари кои беа ужас и шлаг на тортата и причина Венгер да се стави на бесилка или во гасна комора или слично. Најпрвин натпреварот со Андерлехт. Да, на муабет лошо звучи загубено водство од 3 гола, ќе кажете како и да било загубено сепак тоа е Андерлехт (шампионот на Белгија). Но, ви се повредува Артета, кој имаше доста добар натпревар и на негово место влегува можеби и недоволно загреаниот Фламини, фактот дека се прима прв гол од офсајд (првиот гол секогаш е клучен), тука јас не ја гледам кривицата на Венгер. Втор гол од пенал кој го направил Начо Монреал, најслабата карика во тимот после Фламини, најужасниот играч, истиот оној Начо кој пред неколку натпревари беше еден од постабилните во тимот на своја неприродна позиција. Третиот гол само беше прашање на време кога ќе биде примен, а дојде во лоша минута, 90тата.

И така разочарани играчите, одат дури до Велс, на тешко гостување кај екипа која е во одлична форма. Тешко прво полувреме, но во второто први даваме гол и мислиме дека се ќе биде полесно. Во продолжение се случува пресврт, повторно по кривица на Венгер. Зашто не паркирал автобус пред гол во 70та минута, туку продолжил да игра фудбал. Како е Венгер крив што Ремзи несериозно ја губи топката и потоа не се ни мачи да ја одземе? Како е Венгер крив што Фламини не е на центарот на игралиштето и што наместо да се направи брз фаул, се дозволува контра напад? Сите го обвинуваат Начо за тој гол, но што е он крив што во детството не пораснал уште 20 цм? Видете го голот и објаснете ми зошто Мертесакер стои и го чува воздухот на првата статива кога има висок играч во шеснаесетникот за чување? Венгер е крив што Монтеро за Чемберс е Волкот? Во 94та минута имаме промашена шанса која само малку да се комуницирало во тој момент верувам дека ќе било гол, а пак е Венгер крив за тоа?

Сега сите ќе кажат Венгер е крив зашто го довел Монреал до ситуација да игра штопер, Венгер е крив што не купил штопер и деструктивец, Венгер е крив што не го ставил Белерин да го чува Монтеро, Венгер е крив што не правел добри измени или Венгер немал поима од тактика. Но, запознаени сте вие што се случува позади затворените врати? Сите ќе кажете по некое име кого требал Венгер да го купи, но дали знаете дали тој играч бил достапен за трансфер, колку пари барал, колку пари има Арсенал да му плати, на крај краева дали тој сакал да игра за Арсенал, да живее во Лондон и ред други работи? Впрочем, максималниот број на играчи што еден клуб смее да ги има е 25, само за потсетување. Понатака, сите зборите зошто Венгер не го игра Подолски или Џоел или Росицки или не го ставил Белерин. Ние ги гледаме само на натпревар, Венгер ги гледа секој ден. Вие знаете они како се однесуваат на тренинзите? Дали доволно се трудат? Дали имаат лични проблеми? Не, не знаете ништо од тоа, а можеби токму некоја од тие причини е што некој од играчите не играат. На крај, како тоа Венгер нема поима од тактика??!! Дали знаете што им кажува на играчите во соблекувалната, пред натпреварот, за време на натпреварот? Дали играчите го спроведуваат на терен она што тој им го порачал? Не, не знаете.

Повеќето од вас никогаш не биле ни вклучени во вистински фудбал, само сте гледале на телевизија, играле на сони, сте читале за фудбалски ствари по весници и интернет, но никогаш не сте искусиле како е да се биде на теренот. Некои од оние кои биле фудбалери ќе разберат дел од тоа што зборам, другите не ни очекувам да разберете бидејќи не знаете како е да се тренира секој ден, дека не се гледа само односот на играчот само тие 90минути, туку дека од многу фактори зависи дали некој играч ќе игра или не. Од многу фактори зависи дали некој играч ќе се купи или не. Од многу фактори зависи играта на тимот. Не треба да се донесуваат заклучоци кога не се знае позадината на нештата, кога нема доволно информираност. Арсенал се сака и кога победува и кога губи. Ние сме навивачи на Арсенал и ни останува да се радуваме на успесите и да го бодриме во лошите времиња, да му помогнеме да се врати на вистински патеки. Нам ни останува да веруваме и да се надеваме, а за другите работи има луѓе кои се задолжени за тоа и кои верувам дека знаат повеќе од нас што се случува на тренинзите, во соблекувалната и помеѓу играчите на теренот. #KeepTheFaith #COYG

Еден одговор до “Сам против сите”

  1. Ljupco

    Ное 12. 2014

    Браво, смирено и рационално размислување. Пости причина зошто Венгер беше прогласен за менаџер на деценијата, не може сега наеднаш да нема поим од тактика. Вака би размислувал секој неутрален познавач на фудбал, штета што по медиумите ги слушаме само оние песимисти антивенгеристи, кои искрено само си лечат лични фрустрации критикувајќи го човекот.

    Reply to this comment

Остави мислење