Рој Кин го критикува нежниот и психички слабиот Арсенал

KY4LZxL

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, го обвини Арсенал дека е нежен и психички слаб веднаш после поразот од Олимпијакос во Лигата на шампионите.

Сега како телевизиски експерт, Рој Кин вели дека составот на Арсенал има недостаток од цврсти карактери, победници и лидери. Тој за ITV изјави:

“Видете, тие се меки. Играчите на Арсенал се меки. Тие се слаби. Головите кои дозволија да ги примат…нема шанси да победиш во еден голем натпревар доколку се браниш на тој начин.

Постои голема слабост во оваа екипа. Изгледа како да им фали карактер, лидерство и победници во екипата.

Уживам кога го гледам Арсенал, мислам дека се одлични за гледање, особено кога напаѓаат. Но, за жал, дел од фудбалот е и дефанзивата. Исто така и психички се доста слаби.”

 

Нема коментари

Остави мислење