Последни новости за тимот пред дуелот со Манчестер Јунајтед

Laurent-Koscielny-Per-Mertesacker-295626

Арсен Венгер потврди дека Арсенал ќе биде без Лоран Кошчелни за натпреварот против Манчестер Јунајтед во недела.

Дефанзивецот заработи повреда против Олимпијакос во вторникот вечерта и сега ќе биде надвор од терените околу три недели поради истегнувањето.

Венгер исто така потврди дека Матје Фламини (задна ложа) и Микел Артета ќе го пропуштат дуелот.

На пресот пред натпреварот Венгер изјави:

“Кошчелни со сигурност ќе отсуствува. Има истегнување на задната ложа – отприлика три недели. Артета и Фламини исто така не се во комбинација за натпреварот.”

Манчестер Јунајтед нема нови отсуства после натпреварот со Волфсбург, а очекуваат Мајкл Керик да биде достапен за натпреварот на Емирати.

Арсенал се исто така и без Џек Вилшир, Дени Велбек, додека Петр Чех, кој имаше мало истегнување на почетокот на неделава, ќе се врати во тимот да го замени Давид Оспина

 

 

 

 

Нема коментари

Остави мислење