Подолски на позајмица во Интер

pod-inter-1

Лукас Подолски заминува на позајмица во Интер. Германскиот интернационалец заминува во Италија во потрага по поголема минутажа, каде ќе остане до крајот на сезоната. Најновите информации кои доаѓаат од германски „Билд“ велат дека во договорот не постои опција за продажба по истекот на позајмицата. Лукас вчеравечер пристигна во Милано, каде беше пречекан од огромен број навивачи на аеродромот, а денес ги мина и медицинските прегледи.

По пристигнувањето во Милано, Подолски изјави: „Разговарав со Манчини и тој е одличен тренер. Сакаше да дојдам тука и среќен сум што сум овде. Ја познавам добро италијанската лига. Има голема конкуренција. Сакам да му помогнам на тимот да обезбеди место во Лигата на шампиони. Дали имам порака за фановите? Среќен сум! Форца Интер и се надевам дека ќе имаме одлична сезона“.

На својот инстаграм профил Подолски им се заблагодари и на навивачите на Арсенал: „Не се опишува со зборови мојата благодарност кон навивачите на Арсенал за сѐ што сторија за мене додека бев во Лондон. Сакам да знаете дека во моето срце секогаш ќе има посебно место за вас. Ја сакав секоја минута мината на теренот за Арсенал и се надевам дека оставив свој печат во клубот и кај навивачите. Се надевам дека повторно ќе се сретнеме!“

Му благодариме на Полди за сѐ и му посакуваме успешна сезона!

Нема коментари

Остави мислење