Пер – Се повлеков од репрезентацијата за да се фокусирам на Арсенал

4316134_640px

Пер Мертесакер вели дека се повлекол од репрезентативниот фудбал за да може да се концентрира на освојување на повеќе титули со Арсенал.

Мертесакер беше еден од најважните играчи за Германија на Светското првенство ова лето и се повлече од репрезентацијата по освојувањето на златото.

Сега, по освојувањето на ФА купот во мај, триесетгодишниот фудбалер е порешителен од било кога да постигне поголем успех со Арсенал.

“Минатата сезона беше многу напорна и тешка. Оваа сезона нема да биде помалку напорна, па ми требаше шанса да се одморам и опоравам. Сакам да одам напред со клубот и да покажам дека сè уште можам да напредувам.”

“За овие неколку години сфатив дека клубот навистина има потреба од мене и беше вистинска мотивација освојувањето на титулата со него, а потоа и со Германија. Сега сум навистина фокусиран да освојам уште повеќе титули со Арсенал.”

“Во клубот има дури и повеќе почит и поддршка отколку што очекував кога потпишав за Арсенал. Клубот е на врвот и навистина сум горд да бидам дел од него, особено откако дознав повеќе за навивачите и за неговата историја.”

“Како заменик капитен чувствувам поголема одговорност за мојата работа овде и сакам да постигнам повеќе со Арсенал во следните три години. Едно поглавје се затвори, но другото се отвори уште повеќе, така се чувствувам во моментов.”

Преземено од arsenal.com.

Нема коментари

Остави мислење