Нешто повеќе за Алекс Ивоби, кој потпиша нов договор со Арсенал

Screenshot_1

Алекс Ивоби потпиша нов долгорочен договор со Арсенал.

19-годишниот напаѓач, кој е централна фигура на тимот до 21 година, импресионираше и за првиот тим во подготвителниот период. Беше дел од составот кој отпатува за Сингапур во јули, а го постигна својот прв сениорски гол во Емирати купот, против Лион.

Ивоби е задоволен со новиот договор и се надева дека во наредните месеци ќе добие можност да заигра за првиот тим.

“Среќен сум што потпишав нов договор со Арсенал. Мислам дека го заслужив. Поминав многу со Арсенал, така да навистина сум среќен што заслужив нов и подобар договор.

Имав и подеми и падови. Како што растев имав многу падови, но како стареев работите стануваа сè подобри.

Главната цел е да влезам во првиот тим и да играм што повеќе натпревари.”

Ивоби е роден во Лагос и настапува за Нигерија иако има настапи и за англиската репрезентација до 16, 17 и 18 години. Алекс му се приклучил на Арсенал уште додека бил во основно училиште.

Во 2014/2015 сезона постигна девет погодоци во исто толку натпревари за тимот до 21 година, а оваа сезона има постигнато два погодока во пет натпревари.

Ивоби е исклучително разновиден играч, кој има настапувано речиси на сите позиции, од бек до напаѓач, но неговите силни страни се неговата брзина, движење, како и осет за гол.

По натпреварот со Лион, Арсен Венгер изјави:

“Ми се допаѓа неговата тимска игра и неговото движење. Нашата игра се базира на движење и брзина, а тој одлично се вклопува. Тој е доста силен и ефикасен пред гол.”

Вујко на Ивоби е легендата на Нигерија, Џеј Џеј Окоча.

 

Нема коментари

Остави мислење