Налутениот Венгер го брани Оспина, како и својот избор на тим

Screenshot_2

Арсен Венгер е познат по тоа што во својот 19-годишен мандат во Арсенал никогаш јавно не критикувал некој од своите фудбалери. Секогаш наоѓал начин јавно да го тргне притисокот од своите играчи кои направиле грешки и тоа е негов начин на менаџирање.

Така, како и секогаш, и сега не бевме изненадени кога Венгер целосно застана позади Давид Оспина, нарекувајќи го Колумбиецот ‘светска класа’ само неколку денови по автоголот во дуелот против Олимпијакос.

“Гледајќи ги Оспина и Петр Чех, мислам дека имам два светска-класа голмани. Тоа е најлесниот избор кој морам да го направам бидејќи можам да изберам било кој од двајцата и да се чувствувам доста удобно.

Исто така тоа е и најтешкиот избор бидејќи двајцата се светска-класа играчи и секогаш еден од нив мора да биде изоставен.

Без разлика кој од нив игра, имаме добар голман на голот.”

Пред натпреварот со Олимпијакос Венгер изјави дека Петр Чех има повреда на листот. По натпреварот, видно изнервиран од критиките насочени кон него тој рече:

“Јас правам избор за тимот и јас сум одговорен за него. Исто така знам многу работи кои вие не ги знаете. Или намерно ги игнорирате.”

Сѐ уште изнервиран од написите во весниците и на интернет, тој повтори зошто чувствува дека критиките за неговиот избор се неоправдани.

“Како што јас не знам ништо за вашата работа, вие донесувате одлуки бидејќи имате повеќе информации од мене, тоа е така и во мојата работа. Вие доаѓате на натпреварот, го гледате натпреварот и проценувате дали јас сум или не сум во право.

Никогаш не сум го критикувал тоа, го прифаќам вашето расудување за тоа како тимот играл и вашата процена, но не морам да ви ги давам сите информации кои ги имам поради кои ги носам своите одлуки.

Еден критичар вели нешто на телевизија и потоа сите го повторуваат истото. Тоа е прилично досадно бидејќи никој не излегува со бројки од натпреварот каде што натпреварот бил добиен или изгубен.

Ние го изгубивме натпреварот бидејќи не се браневме добро, а голманот направи грешка, да, но и покрај тоа можевме да го добиеме натпреварот.”

Венгер претходно се закани дека ќе си оди од пресот доколку продолжат досадните прашања поврзани со Мурињо затоа што тие не се однесуваат на натпреварот со Манчестер Јунајтед.

 

Нема коментари

Остави мислење