Хари Реднап: Арсенал има одлични шанси за титулата по импресивниот настап против Манчестер Јунајтед

harry-new_2194707a

 

Хари Реднап го пофали настапот на Арсенал против Манчестер Јунајтед – и смета дека Топчиите имаат големи шанси за титулата во Премиер лига оваа сезона.

По променливиот старт на сезоната, Реднап речиси ги отпиша шансите на Арсенал како кандидати за титулата.

Но, гледајќи како составот на Арсен Венгер го ‘збришува’ Манчестер Јунајтед со три голови во почетните дваесет минути, верува дека Арсенал е сериозен кандидат за освојување на титулата по 12 години.

Тој за Токспорт вели:

“Првите дваесет минути беа едни од најдобрите кои сум ги видел. Беше толку импресивно. Целосно го ‘збришаа’ Манчестер Јунајтед.

Јас ги кандидирав како фаворити за титулата уште на почеток на сезонава, но по два или три натпревари мислев дека сум луд. Сега повторно се на добар пат.

Имаат убави шанси оваа сезона доколку успеат да најдат константност.”

Секако, до наредниот пораз на Арсенал. Потоа повторно ќе дојдат критиките од Хари.

Нема коментари

Остави мислење