Габриел е нов играч на Арсенал, Кембел оди на позајмица во Виљареал

collage

Арсенал и Виљареал успеаја да се договорат околу трансферот на централниот дефанзивец Габриел. Бразилецот доаѓа во Лондон за сума помеѓу 12 и 14 милиони фунти, а во спротивен правец оди Џоел Кембел, кој останатиот дел од сезоната ќе го мине во екипата на Виљареал.

Габриел Армандо де Абреу, познат и како Габриел Паулиста (по местото на раѓање) има 24 години. Кариерата ја започнал во родниот Бразил во тимот на Виторија, а оттаму во 2013 заминува во Шпанија. Се очекува Габриел да пристигне во Лондон и да ги мине медицинските прегледи во текот на утрешниот ден.

Џоел Кембел веста за неговата позајмица во Виљареал побрза да ја објави уште синоќа, на својата официјална веб-страница. Тој изјави: „Среќен сум за оваа нова можност. Очекувам договорот да биде финализиран веќе утре. Виљареал е одлична екипа, во моментов добро котира на табелата во Шпанија, таму се игра одличен фудбал и мислам дека стилот на игра совршено ќе ми одговара. Се надевам дека брзо ќе успеам да се приспособам и ќе покажам што сѐ можам“.

Нема коментари

Остави мислење