Еурелио Гомеш вели дека Петр Чех е како напаѓач за Топчиите

Screenshot_1

Голманот на Ватфорд, Еурелио Гомеш, вели дека Петр Чех внесе стабилност во одбраната на Топчиите и има преголема важност за составот на Арсенал. Исто така вели дека одбраните кои Петр Чех ги прави имаат значење како и головите на напаѓачите.

“Верувам дека тој е како напаѓач за Арсенал и со тоа што го прави ќе им помогне да победат на многу натпревари.

Има искуство и знае како да се освои титулата во Премиер лигата.

Тој е еден од најдобрите во Англија и секако дека е одлично засилување за Арсенал.”

Чех има изиграно осум натпревари за Арсенал оваа сезона и има четири натпревари без примен гол.

Нема коментари

Остави мислење