Често поставувани прашања

Кои се придобивките кои ги има еден член на Арсенал Македонија?

Кои се придобивките кои ги има еден член на Арсенал Македонија?

  • Членска карта и маичка;
  • Користење на официјалниот грб на клубот на навивачи на Арсенал;
  • Можност за нарачување на официјални Арсенал производи;
  • Директен канал за комуникација со Арсенал преку службата за контакт со навивачи;
  • Наградни игри достапни само за членови;
  • Можност за нарачување на официјални Арсенал производи со 20% попуст на истите;
  • Можност за учество на фудбалски турнири организирани од страна на клубови на навивачи, како и други екслузивни настани и собири;
  • Пристап до билети за следење на натпреварите на Арсенал.

Колку изнесува годишната членарина и кога можам да се зачленам?

Членарината е сезонска и изнесува 600 денари при првото зачленување и 400 денари за секое наредно обновување. Зачленувањето се врши секоја година во периодот од 1 јули до 1 септември.

Може ли преку вас да се нарачаат карти за натпревар на Арсенал?

Секако. Можноста за нарачување карти е една од придобивките кои ги добива секој член со самото зачленување. Картите се достапни само за членови и секој член може да добие само една карта. При подигнување на картите во Лондон можно е да ви биде побарана членска карта од клубот на навивачи.

Секој кој сака да нарача карта потребно е да не контактира најмалку два месеци пред натпреварот. Сите порачки вон тој рок значително ви ги намалуваат шансите да добиете карта за посакуваниот натпревар.

Карти за натпревари во Лигата на шампионите се нарачуваат најдоцна една недела по извлекувањето на ждрепката.

Сакам да нарачам производ од официјалната продавница на Арсенал. Дали тоа може да го сторам преку вас?

Да, клубот на навивачи прави неколку нарачки годишно. Нашите членови имаат 20% попуст на официјалните Арсенал производи. Секогаш кога има можност за нарачка ние тоа уредно ќе го објавиме на нашата веб страна.

Дали имате некое официјално место каде се собирате да ги следите натпреварите?

За жал досега не сме имале многу среќа со локалите каде што сме следеле натпревари и често менуваме локали. Во моментов групното следење натпревари е во кафе-барот „Барселона“ на ул. Македонија.

Дали јас можам некако да помогнам?

Се разбира, нам секогаш ни е потребна помош при одржување на веб страната. Доколку сте заинтересирани, слободно исконтактирајте нѐ на contact@arsenal-macedonia.mk