Беник Афобе потпиша за Вулверхемптон

gun__1406560907_player_profile_chambers1

По одличните настапи за МК Донс, младиот напаѓач на Арсенал одлучи да ја продолжи својата кариера во екипата на Вулверхептон која настапува во втората англиска лига. Беник Афобе е во редовите на Арсенал уште од 2001 година, но нема одиграно ниту еден официјален натпревар за клубот. Афобе импресионираше на својот прв настап на Емирати купот, каде беше заменет поради повреда. Всушност, неговиот прогрес во голема мера беше прекинат од низа сериозни повреди. Во текот на изминатите години имаше низа позајмици, но вистински ја пронајде својата форма дури на оваа последната, каде во дресот на МК Донс постигна дури 19 гола на 27 настапи. Заминувањето во Вулвс е чекор напред за Афобе во надеж дека ќе продолжи со одличната форма.

Менаџерот на Вулвс, Кени Џекет, изјави: „Веќе подолго време го следам Беник како играч. Тој доаѓа од клуб со одлична школа, брз е, силен е и има одлична завршница, а тоа е токму она што ни треба. Многу ќе ни помогне во останатиот дел од сезоната, како и во претстојните години. Како и многу други наши играчи, сигурен сум дека и тој ќе сака да се докаже во Чемпионшип и мислам дека доаѓа кај нас во вистинско време“.

Во своето прво интервју Беник Афобе вели: „Се чувствувам одлично. Се надевам дека ќе почнам со тренинзите уште утре и дека ќе бидам подготвен за натпреварот во сабота. Ми се допаѓа овде. Ова е клуб кој заслужува да игра во Премиер лигата. Тоа е нашата цел и се надеваме дека ќе успееме. Среќен сум што сум играч на Вулвс и со нетрпение чекам да почнам“.

Нема коментари

Остави мислење