Арсенал го потврди учеството на Barclays Asia Trophy во Сингапур

gun__1426015733_PL_Asian-trophy_Press-release_

Премиер лигата, Фудбалската асоцијација на Сингапур и Барклис објавија дека Арсенал, Евертон, Стоук и Сингапур 11 ќе се натпреваруваат на пријателскиот турнир Barclays Asia Trophy, кој ќе се одржи на 15 и18 јули годинава во Сингапур. Сингапур за првпат ќе биде домаќин на овој пријателски турнир кој се одржува на секои две години, уште од 2003 година. Ова е единствен турнир поврзан со Премиер лигата, кој се одржува надвор од Англија.

Натпреварите ќе се играат на новоизградениот национален стадион во Сингапур – Сингапур Спортс Хаб, кој има капацитет од 55 илјади.

15596853_0 1403254861703.jpg-620x349

Арсенал за првпат ќе биде дел од овој турнир. Натпреварувањето ќе се одржи во два дена. Ќе има по два натпревари на ден. Среда, на 15 јули, ќе се одиграат натпреварите од нокаут фазата, а сабота 18 јули е резервирана за финалето и натпреварот за трето место. На турнирот ќе судат судии од Премиер лигата, како и од ФА на Сингапур. Барклис ќе биде спонзор на натпреварувањето по петти пат. Минатиот пат, во 2013 година, трофејот го освои Манчестер Сити. Ова е прва посета на Арсенал на Сингапур уште од 1991 година.

Нема коментари

Остави мислење