Арсенал го доби Монако како противник

Champions-League-Wallpaper-Wide

Денешната ждрепка за осминафиналето во Лигата на шампионите одлучи Арсенал да се сретне со Монако, поранешниот клуб на Арсен Венгер. Овие два клуба претходно се немаат сретнато во европските натпреварувања. Летото Монако беше дел од Емирати купот, каде што францускиот тим славеше победа над Арсенал со голот на Радамел Фалкао.
Многу работи се сменија во Монако од летоска. Фалкао замина на позајмица во Манчестер Јунајтед, а богатите сопственици решија дека нема да фрлаат пари на засилувања. Монако игра во променлива форма во француското првенство, каде моментално се наоѓа на шесто место, девет бода зад водечките Марсеј. Интересен е податокот и дека во групната фаза од натпреварувањето, Монако заврши како првопласиран тим во групата, а постигна само 4 гола, но прими само 1.

Другите натпревари се:

ПСЖ – Челзи
Манчестер Сити – Барселона
Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид
Јувентус – Борусија Дортмунд
Шалке – Реал Мадрид
Шахтјор – Баерн Минхен
Базел – Порто

Нема коментари

Остави мислење