Арсен Венгер вели дека нема донесено одлука за својата иднина во Арсенал

Watford-vs-Arsenal (1)

Арсен Венгер вели дека сè уште нема донесено одлука за својата иднина и покрај гласините дека ова е негов последен договор со Арсенал.

На годишното собрание на клубот кое се одржа неделава, Венгер рече дека ќе биде посветен до последниот ден од договорот, кој истекува во 2017 година, но по натпреварот со Ватфорд изјави дека сè уште не се ближи крајот на неговиот мандат во Арсенал.

Тој за Скај Спортс изјави:

“Беше протолкувано на тој начин, но навистина не знам. Најискрено, многу пати реков дека сакам да остварам успех.

Кога ќе прекинам? Сè уште не знам. Ќе видиме. Сè уште немам донесено одлука за својата иднина”

Како коментар за мечот тој изјави:

“Се до денес Ватфорд имаше примено само еден гол на домашен терен и можевме да видиме зошто. Тие се добро организирани.

На почетокот тоа влијаеше на нашата игра, но полека се адаптиравме. Знаевме дека ова е важен натпревар, сакавме да победиме и го направивме тоа.

Првото полувреме беше тешко. Полека ја зголемувавме нашата посветеност и кога го постигнавме првиот гол продолживме да напаѓаме, па на крај тоа беше и убедлива победа.”

Нема коментари

Остави мислење