Арон Ремзи признава дека нема постигнато гол веќе долго време

article-1382404-0BDC778A00000578-787_634x382

Велшкиот репрезентативец нема постигнато гол од гостувањето кај Хал – дали ќе ја прекине серијата од 12 натпревари без постигнат гол токму против Манчестер Јунајтед?

Тој за Мирор вели:

“Не знам колку време помина од мојот последен гол. Само знам дека немам постигнато гол оваа сезона и сум премногу разочаран.”

Пред две сезони, Велшанецот постигна 8 голови за Арсенал до крајот на септември и ја заврши сезоната со 18 голови вкупно за Арсенал и за Велс. Минатата сезона постигна 11 голови.

Минатиот викенд Алексис Санчез ги постигна своите први голови уште од натпреварот против Хал, во мај оваа година, каде што и Арон Ремзи беше стрелец.

“Убаво е да се види како Алексис повторно постигнува голови. Можеше да се види неговата фрустрација пред тоа и колку многу сакаше да даде гол.

Не беше само тој. Има и други играчи – вклучувајќи ме и мене – кои се разочарани што не дале гол, но јас сум среќен за него што конечно се запиша во листата на стрелците.

Штом го постигна првиот гол, веднаш потоа постигна уште два. Се надевам дека сега е во состојба каде што ќе биде сѐ посилен.

Така оди тоа. Се нервираш, а кога после неколку натпревари ќе постигнеш гол, тогаш знаеш дека повторно редовно ќе постигнуваш голови.

Се надевам дека наскоро истото и за мене ќе важи.”

 

Нема коментари

Остави мислење