Алексис Санчез: Не сум размислувал да го напуштам Арсенал – многу сум среќен тука

Screenshot_1

Алексис Санчез вели дека нема намера да го напушти Арсенал и покрај шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид.

Чилеанскиот репрезентативец имаше слаб старт на новата сезона по успешното лето каде што го водеше својот национален тим до титула во Копа Америка, но последните две недели влезе во одлична форма каде што постигна пет голови во два натпревари.

Со три голови во два натпревари против Бразил и Перу, Алексис помогна Чиле да се наоѓа на првото место во групата за квалификациите за Светското првенство.

Неговата одлична форма беше причина да се појават шпекулации во Шпанија за негово заминување во Реал Мадрид, но Алексис вели дека не планира такво нешто.

Во изјава за Ла Терцера, тој рече:

“Немам идеја за она што е напишано. Се чувствувам удобно во Арсенал, со моите соиграчи. Не размислувам за заминување, многу сум среќен тука.

Среќен сум за моето значење во првиот тим и никогаш не се задоволувам со помалку. Секогаш си поставувам цели и се поттикнувам себе си да бидам најдобар колку што можам.”

Нема коментари

Остави мислење